ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 27 и 29.01.2013 (недела и вторник), 20.00 часот

„Исток-запад“

Во јуни 1946 година, Сталин ги повикува руските емигранти да се вратат во татковината. Тоа ќе биде стапица за нив, бидејќи веднаш по пристигнувањето, тие се или убивани или затворани. Докторот Алексеј Головин пристигнува со својата сопруга Мари, и веднаш е испратен во Киев. Мари веднаш сака да се врати во Франција, а тој знае дека сега се затвореници, дека никогаш нема да си заминат и дека треба да внимаваат на секој свој чекор. Во меѓувреме, Мари се запознава со француската актерка Габриел која е на турнеја во Советскиот Сојуз и од неа бара помош. Трпението, самоконтролата на Алексеј и добриот изглед на Мари се нивните единствени адути во борбата за бегство од режимот.

(Est-Ouest)
игран филм, Франција / Русија / Украина / Бугарија / Шпанија
1999, 121 мин., колор, 35 мм

режија: Режис Варние (Régis Wargnier);
сценарио: Рустам Ибрагимбеков, Сергеј Бодров, Луј Гардел, Режис Варние (Rustam Ibragimbekov, Sergey Bodrov, Louis Gardel, Régis Wargnier);
улоги: Олег Меншиков, Сандрин Бонер, Катрин Денев, Сергеј Бодров (Oleg Menshikov, Sandrine Bonnaire, Catherine Deneuve, Sergey Bodrov).

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1