ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 20 и 21.01.2013 (недела и понеделник), 20.00 часот

„Искушение на ѓаволот“

Во срушената кула се развиваат паралелни приказни од кои произлегуваат двете теми на филмот: љубовта и слепото почитување на традицијата. Искушението ги проткајува и двете, навлегува во односите меѓу луѓето, од најинтимните, до оние семејните и традиционални, ја става под сомнеж смислата на сопствениот и на туѓиот живот. Двете сиромашни семејства, Змајевиќ и Крстовиќ, живеат едни до други, а се испокарани до смрт. Во полусрушената кула околу која се караат, живеат Крстовиќ, но Змајевиќ се надеваат дека синот што по повеќегодишно отсуство ќе се врати од Америка, ќе им ја спаси и кулата и одземената чест, но и дека ќе се ожени со девојката што му ја избрале.

(Искушавање ђавола)
игран филм, СФРЈ
1989, 117 мин., колор, 35 мм

режија: Живко Николиќ (Живко Николић);
сценарио: Драган Николиќ, Живко Николиќ (Драган Николић, Живко Николић);
улоги: Алан Нури, Драгана Мркиќ, Боро Беговиќ, Хусеин Чокиќ, Љиљана Крстиќ (Alain Noury, Драгана Мркић, Боро Беговић, Хусеин Чокић, Љиљана Крстић).

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1