ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство, мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Случајно се запознава со индиски доктор кој е припадник на силите на УНПРОФОР, и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе семејството во Индија. И така започнува низата „несреќни случки“ во семејството на Таип: посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, а Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Но, ваквиот начин на заработување е однапред осуден на неуспех и завршува трагично за семејството.

Игран филм/ 35мм/ колор/ 135`
Македонија/ 1997 година

Режија: Столе Попов
Сценарио: Владимир Блажевски
Директор на фотографија: Апостол Трпески
Улоги: Предраг Мики Манојловиќ, Бајрам Северџан, Горан Додевски, Катина Иванова, Владимир Јачев, Арна Шијак, Синоличка Трпокова

Added by kinotekamk on January 10, 2011

Interested 1