ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.

„Илузија“

Распадот на семејство на младиот Марко наликува на транзицијата и воените дејствија низ која минува средината во која живее. Неговиот татко е агресивен алкохоличар, мајка му одамна изгубила контакт со реалноста, а неговата сестра најегоистично ги следи само своите интереси. Единствената личност која му дава надеж за иднината е професорот по македонски јазик од кого Марко добива поддршка да пишува поезија. Но и оваа ситуација се покажува несоодветна за очекувањата на Марко. Неговото познанство со еден платеник ќе го научи како да го земе законот во свои раце. Семејството и училиштето го уништуваат сето она што е добро и невино во Марко, одземајќи му ги соништата до толкава мерка што момчето, во еден момент, ќе сака да се одмазди.

игран филм / 103 минути / 2004 година / колор / 35 мм.

Режија: Светозар Ристевски
Сценарио: Светозар Ристевски
Директор на фотографија: Владимир Самоиловски
Главни улоги: Владо Јовановски, Марко Ковачевиќ, Мустафа Надаревиќ

Added by kinoteka on September 16, 2011

Interested 1