Проекции: 20.04.2012 (петок), 20.00 часот
НОВ ХОЛАНДСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
„Холандска светлина“
Според едно старо верување, светлината во Холандија има посебни карактеристики, единствени, но тоа никогаш не било научно докажано. Посебноста на холандската светлина е очигледна во уметноста, а како доказ за тоа се делата на Јоханес Вермер, Филипс Конинк и Јан ван Гојен. Холандската светлина е посебно доживување, од почеток до крај.
Dutch Light
документарен филм / 2011 година / 53 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Петер Рим Де Крон (Pieter Rim De Kroon).
„Црн дијамант“
Излегуваат во трендовски барови, возат луксузни автомобили, се натпреваруваат кој ќе купи поголема куќа, одат во шопинг. Во Јужна Африка пристигна и средната класа. Филмот го следи нивниот живот како новопечени богаташи.
Black Diamond
документарен филм / 2010 година / 50 минути / колор / Дигитал Бета
Холандија
режија: Саскиа Вредевелд (Saskia Vredeveld).
Added by kinoteka on April 3, 2012