Проекции: 10.04.2012 (вторник), 22.00 часот
ЦИКЛУС ДАНСКИ ФИЛМОВИ
„Гозбата на Бабет“
Во Данска, во 19 век, Мартин и Филипа живеат во изолирана заедница со својот татко кој е пастор во мала протестантска црква. Имале можности да го напуштат селото, па сепак останале да живеат со таткото. По неколку години, Французинката Бабет бара засолниште во нивниот дом и тие ја ангажираат како куќна помошничка. Кога сестрите ќе посакаат да направат прослава во чест на 100-годишнината од раѓањето на пасторот, Бабет се нафаќа да подготви сè за таа пригода. Тие не знаат што да очекуваат од жена поинаква од нив - ем Французинка, ем католик.
Во 1988 година, филмот ја доби наградата „Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје.
Babettes gaestebud / Babette's feast
игран филм / 1987 година / 102 минути / колор / Блу Реј
Данска
режија: Габриел Аксел (Gabriel Axel);
сценарио: Габриел Аксел, според роман на Карен Бликсен (Gabriel Axel, Karen Blixen);
улоги: Стефани Одрен, Бодил Кјер, Бригите Федершпил (Stéphane Audran, Bodil Kjer, Birgitte Federspiel).
Added by kinoteka on April 2, 2012