ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 27.05.2012 (недела), 13.00 часот

ГЕРМАНСКИ ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

„Момо“

Модерна приказна за тоа како да се троши времето, базирана на роман на Михаел Енде, попознат како автор на успешно екранизираната „Бескрајна приказна.“ Во малото мирно место во кое Момо неодамна се доселила, луѓето наеднаш стануваат непријатни, недружељубиви, фокусирани на тоа да заштедат време и пари. Обидувајќи се да сфати зошто сето тоа се случува, Момо открива дека причинители на новото расположение се т.н. Сиви луѓе. Сега Момо се соочува со нов проблем - како да им ја предочи вистината на своите пријатели коишто, меѓудругото, станале и недоверливи. Дали ќе ѝ поверуваат?

(Momo)
игран филм, Германија
1986 година, 101 минути, колор, 35 мм
режија: Јоханес Шааф (Johannes Shaaf);
сценарио: Јоханес Шааф, Роземари Фендел, Марчело Кошча, според роман на Михаел Енде (Johannes Shaaf, Rosemarie Fendel, Marcello Coscia, Michael Ende);
улоги: Радост Бокел, Марио Адорф, Армин Милер-Штал (Radost Bokel, Mario Adorf, Armin Mueller-Stahl).

Added by kinoteka on May 14, 2012

Interested 1