Проекции: 18.05.2012 (петок), 13.00 часот
ГЕРМАНСКИ ДЕТСКИ ФИЛМОВИ 15-19 Мај
„Глупавото капче“
Малечкиот и интелигентен Мартин се сели заедно со семејството и мора да го промени училиштето. Тука се судрува со непозната средина, со насилниот Оливер и со неговата пријателка Силке во која Мартин тајно се вљубува. Оливер е мошне збунето и насилно момче, син на алкохоличар, но и ривал на 13-годишниот Мартин за љубовта на Силке. Кога ќе го фатат Оливер како пуши цигари на училиште, Мартин ја преземe вината за инцидентот и ќе добие опомена пред исклучување од училиште. Кога Оливер ќе побегне од дома, прибежиште ќе најде кај Мартин.
(Blöde Mütze! / Silly's sweet summer)
игран филм, Германија
2007 година, 90 минути, колор, 35 мм
режија: Јоханес Шмид (Johannes Schmid);
сценарио: Јоханес Шмид, Михаел Демут, Томас Шмид (Johannes Scmid, Michael Demuth, Thomas Schmid);
улоги: Јохан Хилман, Конрад Бауман, Леа Ајслеб (Johann Hillmann, Konrad Baumann, Lea Eisleb).
Added by kinoteka on May 14, 2012