Проекции: 28.04.2013 (недела), 20.00 часот
ФРАНЦУСКИ КИНОКЛУБ
Во последната недела од месец април започнува интересен настан во Кинотеката на Македонија насловен „Француски киноклуб“, кој е во организација на Францускиот културен
центар, Амабасадата на Република Франција во Македонија и Кинотеката на Македонија.
„Француски киноклуб“ ќе се состанува секоја последна недела во наредните месеци, во чии рамки ќе биде организирана филмска проекција по која ќе следува и кратка дискусија во која ќе можат да учествуваат сите љубители на седмата уметност.
„Во служба на државата“
Министерот за транспорт, Бертран Сен-Жен, кариерата на политичар ќе ја започне со идеалистички сфаќања и со намера да ја искористи својата позиција за да им помогне на другите, односно чесно да ја работи својата работа во служба на народот. Но, кога еден ден ќе се случи голема сообраќајна несреќа, неговиот живот станува дел од политичките игри и борби за моќ, во ситуација на хаос и економска криза.
(L’exercice de l’Etat)
игран филм / Франција
2011 година / 102 мин. / колор / ДВД
режија и сценарио: Пјер Шoлер (Pierre Schöller);
улоги: Оливие Гурме, Мишел Блан, Забу Бретман, Лоран Стокер, Силвијан Дебле (Olivier Gourmet, Michel Blanc, Zabou Breitman, Laurent Stocker, Sylvain Deblé).
Added by kinoteka on April 2, 2013