ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 28.02.2012 (вторник), 12.00 часот

„Архангел Габриел и гуската“

Архангел Гаврил и гуската е еден од последните филмови на Трнка, снимен во 1964 година. Иако претставува куклена адаптација на една од приказните на Декамерон на Бокачо, во себе носи сатирична порака за декадентноста на современото општество. Дејствието се случува во средновековна Венеција и говори за опсесијата на еден монах со убавата, но наивна дама, која заради занесеноста по ликот на Архангел Гаврил, не им одвраќа на додворувањата на момчињата. Итриот монах, една вечер ќе се преправи како архангелот и ќе успее да ја прелаже убавицата.

Исполнет со карактеристичен средновековен хумор, овој филм го претставува зрелиот период од творештвото на Јиржи Трнка. Иако со релативен успех, филмот ни го отсликува песимизмот кој го опфаќа Трнка во креативен план, пред се условен од сè помалите права на интелектуалниот ум, на сметка на државните интереси.

ARCHANDĚL GABRIEL A PANÍ HUSA
(Archangel Gabriel And Mrs. Goose)
1964 година / 28 минути / 35 мм

Сценарио: според Giovanni Boccaccio, Jirí Trnka

„Оџачарот“

Направен во самите почетоци на неговото аниматорско творештво, анимираниот филм „Оџачар“ од 1946 година претставува еден од отскочните филмови на Јиржи Трнка. Го работел во традиционална анимациска техника, заедно со неговиот близок соработник Јиржи Брдечка.

Филмот претставува адаптација на урбана приказна за оџачарот со пружини, кој според градската легенда, за време на германската окупација на Чешка се борел против нацистичките окупатори и со својата снаодливост, лесно успевал да ги надитри. Со умерена доза на сатиричен надреализам, овој филм ќе биде добро прифатен од јавноста, афирмирајќи го Трнка во тогашните културни кругови.

PÉRÁK A SS
(The Chimney Sweep)
1946 година / црно-дел / 14 минути / 35 мм

Режија: Jirí Brdecka, Jirí Trnka,
Сценарио: Jirí Brdecka, Eduard Hofman.

„Страст“

Направен во таканаречениот „песимистички“ период во творештвото на Јиржи Трнка, филмот ја раскажува приказната за млад човек, пасиониран од брзината и моторите, кој заради своето невнимание и палавост ќе си го стави животот во опасност.

Филмот е добитник на неколку награди, меѓу кои и наградата за најдобар куклен филм на филмскиот фестивал во Монтевидео во 1962 година.

VÁŠEŇ
(Passion)
1961 година / 9 минути / 35 мм
Сценарио: Jirí Trnka

Added by kinoteka on February 26, 2012

Interested 1