20 години филм во независна Македонија
Влезот е бесплатен.
„Филм“
Станува збор за експериментален, авторски филм, во кој нема дијалози, а дејствието го раскажува наратор. Главниот лик во филмот е самиот режисер Иво Трајков, кој на еден грубо-хумористичен – или поточно – на еден саркастично-циничен начин, го отсликува својот став кон снимањето филмови. Ова експериментално дело може да се протолкува и како некаков „превртен“ прирачник за правење филмови. Филмот, покрај тоа што ги истражува границите околу креативната реалност и филмската фикција, разработува и многу други есенцијални теми на човековото живеење: љубовта, верата, творештвото, егзистенцијата, итн...
игран филм / 84 минути / 2007 година / колор / 35 мм.
Режија: Иво Трајков
Сценарио: Иво Трајков
Директор на фотографија: Михал Черни
Главни улоги: Карел Зима, Мадла Зимова, Иво Трајков, Мирослав Таборски, Верица Недевска
Added by kinoteka on September 18, 2011