ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 07.03.2012 (среда), 20.00 часот

ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО

„Филаделфија“

Ендрју Бекет е партнер во влијателна корпоративна адвокатска фирма во Филаделфија. Живее со својот партнер, но својата хомосексуалност, како и фактот дека е ХИВ позитивен, ги крие од своите колеги. Откако еден од колегите ќе забележи дека нешто не e во ред со здравјето на Бекет и ќе се посомнева што стои зад сето тоа, па Бекет ќе почне да се соочува со дискриминација на работното место. Откако најпосле ќе биде отпуштен од работа, Бекет е во потрага по адвокат за на суд да ги бара своите права. Така, влегува во канцеларијата на Џо Милер, познат адвокат за човекови права, но и тука не наидува на разбирање.

„Филаделфија“
(Philadelphia)
игран филм / САД / 1993 година / 125 минути / колор / 35мм

Режија: Џонатан Деми (Jonathan Demme);
Сценарио: Рон Нисванер (Ron Nyswaner);
Улоги: Том Хенкс, Дензел Вашингтон, Антонио Бандерас (Tom Hanks, Denzel Washington, Antonio Banderas).

Added by kinoteka on March 1, 2012

Interested 1