СОВРЕМЕН СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ 2011
во рамките на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС
09 - 12 ноември 2011, кино-сала на Кинотека на Македонија
„Експрес, експрес“
После смртта на својот татко, главниот јунак заминува со воз на пат без враќање. Не знаејќи точно каде сака да оди, купува карти од станица на станица. Меѓу патниците среќава девојка со која се спојува на необјаснив начин. Авантурата започнува кога двајцата ќе го продолжат патот заедно.
(Ekspres, ekspres)
Игран филм / 1998 година / 76 минути / колор / 35мм.
Словенија
Режија: Игор Штерк (Igor Šterk);
Сценарио: Матјаз Пограјц, Игор Стерк (Matjaž Pograjc, Igor Šterk);
Главни улоги: Грегор Баковиќ, Барбара Церар, Грегор Гушин, Марко Мандиќ, Петер Мусевски, Андреј Розман Роза (Gregor Baković, Barbara Cerar, Gregor Čušin, Marko Mandič, Peter Musevski, Andrej Rozman Roza).
Added by kinoteka on November 9, 2011