„Ехо од Банско“ 2011 - Фестивал на филмови посветени на алпинизмот
Влезот е слободен.
ЕХО Фестивал на планински филмови, 16.09.2011 (петок), 17.30 часот
17.30 - 18.00 часот
Skye Wall (E8, 6b),
2008 година / 22 минути
Велика Британија
Режија: Алистер Ли
За филмот: Во потрага по насоката од соништата, Дејв Биркет качува во карпите на масивот Килин на островот Скај во Шкотска.
18.00 - 18.51 часот
„Светот на Гастон Ребуфa“ / Le Monde de Gaston Rebuffat
2010 година / 51 минута
Франција
Режија: Жил Шапа, Денис Стајнберг
За филмот: Филмски портрет на еден од најголемите алпинисти во XX век и еден од најталентираните писатели на планинска тема во историјата.
Пауза 10 минути
19.00 - 20.40 часот
„Монт Сент Елајас“ / Mount St. Elias
2009 година / 100 минути
Австрија
Режија: Гералд Салмина
За филмот: Портрет и сеќавање на Петер Ресман кој загина по 25-метарски пад во планините во Австрија. Тој беше еден од најголемите екстремни скијачи на нашето време. Филмот раскажува за една од неговите најголеми авантури во Алјаска.
Пауза 10 минути
20.50 - 22.00 часот
25-годишнина од македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу (8156 м) одржана во 1986 година. Потсетување на експедицијата преку фотографии.
Презентацијата ќе ја води водачот на експедицијата, Јован Попоски.
Added by kinoteka on September 14, 2011