„Ехо од Банско“ 2011 - Фестивал на филмови посветени на алпинизмот
Влезот е слободен.
17.30 - 18.06 часот
„Алпска трилогија: Новата облека на императорот “ / Alpská trilogie: Císařovy nové šaty
2010 година / 36 минути
Чешка
Режија: Ондржеј Смрж
За филмот: Ондра Бенеш и неговиот пријател Гуидо Унтервуцахер качуваат насока од т.н. Алпска трилогија во Вилдер Кајзер (Австрија). Со неа, Ондра Бенеш стана трет човек во светот (после Штефан Гловач и Харалд Бергер кој ги искачил "End of silence" (8b+), "Kaisers neue Kleider" (8b+) и "Silbergeier" (8b+).
18.10 - 19.30 часот
„70 години во црвено. Приказни и спомени од 70-те години постоење на „Верверичките од Кортина“ / Rosso 70. Storie e memorie di 70 anni di alpinismo degli scoiattoli di Cortina
2009 година / 79 минути
Италија
Режија: Франческо Мансути, Виничио Стефанело
За филмот: Во 2009 година, познатиот алпинистички клуб „Верверичките од Кортина“, чии членови ги носат „униформните“ црвени пуловери, прослави 70 години постоење. Ова е филмски расказ за нивната историја, за здравата врска помеѓу генерациите која овозможува традициите да живеат и да се збогатуваат.
Пауза 10 минути
19.40 - 19.45 часот
„Асклепиј“
2011 година / 4 минути
Македонија
Крунослав Аџиевски и Ана Велкова
Претставување на спасителната служба „Асклепиј“
19.45 - 20.37 часот
„Портрет на Лионел Тере” / La voie Terray
2008 година / 52 минути
Франциja
Режија: Жил Шапа
За филмот: Патот на големиот француски алпинист Лионел Тере. Од неговите искачувања до тоа каква инспирација е за денешните генерации алпинисти.
Пауза 15 минути
20.53 - 21.00 часот
„Нашите активности“
2011 година / 10 минути
Македонија
Ана Велкова
Презентација преку фотографии на дел од активностите на Македонската Алпинистичка Федерација во текот на 2011 година: искачувања, собири, кадровски акции, итн.
21.03 - 22.00 часот
„Грабнат од Еверест“ / Bergtatt av Everest
2007 година / 53 минути
Норвешка
Режија: Ларс Нилсен
За филмот: По 5-годишна подготовка, двајцата пријатели - Тормод Гранхаим и Томас Олсон, се искачуваат на Еверест со цел да се спуштат од врвот до подножјето со скии. Но, успева само едниот од нив...
Added by kinoteka on September 14, 2011