ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

„Ехо од Банско“ 2011 - Фестивал на филмови посветени на алпинизмот

Влезот е слободен.

17.30 - 18.00 часот
Тhe Walk of Life (part 5 of "Committed (volume II)")
2008 година / 21 минута
Велика Британија
Режија: Дејв Браун

За филмот: Еден од најголемите предизвици во кариерата на Џејмс Пирсон - насока по плочите на крајбрежните карпи во близината на Девон.

18.00 - 19.00 часот
Himalaya alert
2009 година / 59 минути
Холандија
Режија Марк Веркерк

За филмот: Истражување на климатските промени во реонот на Еверест. Се покажуваат драматични повлекувања на глечерите ставајќи во опасност население од половина милијарда луѓе.
пауза 15 минути

19.15 - 19.36 часот
Хуаскаран - Анди 1982
1984 година / 21 минута
Македонија
Режија: Кирил Ценевски

За филмот: Претставување на македонската експедиција во Андите во Перу во 1982 година.

19.45 - 20.30 часот
Мурато
2010 година / 40 минути
Македонија

Филм за македонскиот спортски великан, алпинистот Димитар Илиевски - Мурато.

пауза 15 минути

20.45 - 22.00 часот
Аsgard Project
2009 година / 69 минути
Велика Британија
Режија: Алистер Ли

За филмот: Следење на амбициозниот проект на Лио Холдинг, за прво слободно искачување на Северната кула во неверојатниот масив на Монт Асгард, во канадскиот арктички архипелаг.

Added by kinoteka on September 14, 2011

Interested 1