Неделата на современиот руски филм ја започнуваме со филмот „Една војна“ на режисерката Вера Глаголева. Со исклучок на последната проекција во среда, која ќе започне во 17 часот, сите останати се со почеток во 20 часот.
Глаголева Вера Виталевна е глумица, режисерка, сценаристка и продуцентка, заслужна артистка на Русија (1995 год.). Родена е во Москва на 31 јануари 1956 год. За кино првпат снимала веднаш по завршувањето на училиштето во 1974 година, кога случајно наминала во „Мосфилм”. Иако нема актерско образование, многу снимала и е позната по својата актерска уникатност. Игра и во театарски претстави.
Odna voina
35мм, колор/ 85`
Режисер: Вера Глаголева
Сценарио: Марина Сасина
Композитор: Сергеј Баневич
Улоги: Александар Балуев, Наталија Суркова, Јулија Мељникова, Михаил Хмуров, Федор Копосов
Производство: Продуцентски центар „Хорошо продакшн”, 2009 год.
Содржина: 8 мај 1945 година. Максим Прокоров, претставник на Народниот комесаријат заз внатрешни работи, пристигнува на едно островче на Северот. Таму живеат 11 луѓе: пет млади жени, пет деца на возраст од една до три години и капетанот Карп Ничипорук. Младите мајки се протерани од териториите окупирани од фашистите, а децата се всушност деца на германскиот окупатор. Пристигнувањето на мајорот го нарушува секојдневието на островот. Неговата цел е да го „исчисти“ островот...
Added by kinotekamk on September 11, 2010