ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 01-02.03.2012 (четврток-петок), 20.00 часот

ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО

„Дванаесет гневни луѓе“

Одбраната и обвинителството си ја завршуваат својата работа, а на сцена настапува поротата која треба да реши дали младиот Хиспаник е виновен или не за убиство на сопствениот татко. Проблемот изгледа едноставен, сепак поротниког бр. 8 ќе побара заеднички да ги разгледаат фактите и сведочењата. Понатамошната дискусија ќе ги изнесе на виделина предрасудите, очекувањата и личните драми на секој од поротниците, како и нивното исклучиво субјективно гледиште на убиството. Нивната одлука ќе значи живот или смрт за обвинетиот.

Филмот освои Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 1957 гoдина.

„Дванаесет гневни луѓе“
(12 Angry Men)
игран филм / САД / 1957 година / црно-бел / 35мм / 96 минути

Режија: Сидни Ламет (Sidney Lumet);
Сценарио: Реџиналд Роуз (Reginald Rose);
Улоги: Хенри Фонда, Ли Џеј Коб, Мартин Балсам (Henry Fonda, Lee J. Cobb, Martin Balsam).

Added by kinoteka on March 1, 2012

Interested 1