4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ
„Дует за еден“
За време на солистички концерт, познатата виолинистка Стефани Андерсон ги доживува првите симптоми на мултиплекс склероза, болест која постепено води кон целосна парализа. Иако знае дека тоа ќе стави крај на нејзината кариера, креативност и страст, Стефани не може да се справи со тоа што ѝ се случува. Работите ќе се влошат кога нејзиниот брак со композиторот Дејви Корнволис ќе се разниша. Со текот на времето таа ќе сфати дека нејзиниот живот не е завршен и дека не смее да престане да се бори.
(Duet for One)
игран филм, САД/Велика Британија
1986, 107 мин., колор, ДВД
режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
сценарио: Андреј Кончаловски, Том Кемпински, Џереми Лип (Andrei Konchalovsky, Tom Kempinski, Jeremy Lipp)
улоги: Џули Ендрус, Алан Бејтс, Макс фон Сидоф, Руперт Еверет (Julie Andrews, Alan Bates, Max von Sydow, Rupert Everett)
Added by kinoteka on October 2, 2012