По падот на комунистичкиот режим во Унгарија, двајца наставници по руски јазик ќе останат без работа. За да опстанат, Ема и Боб заминуваат за Будимпешта за да учат и предаваат англсики јазик. Едвај преживуваат, принудени се да делат соба во пансион, но и да споделат низа нови искуства. Затекнати во нова, боемска и сурова, но сексуално либерална средина, забележуваат дека разликите помеѓу нив од ден на ден се продлабочуваат, но сепак остануваат пријатели и цимери.
Сабо инсистирал главната улога во филмот да ја има холандската актерка Јохана тер Стиге, дури и по цена да и’ го натсинхронизира гласот на унгарски.
Во 1992 година филмот добива „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, како и Европска филмска награда за најдобро сценарио.
Édes Emma, drága Böbe - vázlatok, aktok/ 1992 година
Унгарија/ 35мм/ 90`
Режија: Иштван Сабо
Сценарио: Иштван Сабо, Андреа Везиц
Улоги: Јохана Тер Стиге, Енико Боршсок
Added by kinotekamk on April 17, 2010