Проекции: 12.04.2012 (четврток), 20.00 часот
ЦИКЛУС ДАНСКИ ФИЛМОВИ
„Добар живот“
Мајката и ќерката Бекман порано имале повеќе пари отколку што можеле да истрошат. Сега веќе ги немаат. Мајката мора финансиски да ја издржува ќерката од својата скромна пензија и тие живеат во мал стан. Ќерката, навлезена во шестата деценија од животот, никогаш досега не работела. Сепак, смета дека животот треба уште многу да и` даде. Филмот ги следи нивните обиди да состават крај со крај, нивните надежи за иднината, нивните малициозни судири.
Det gode liv / The good life
документарен филм / 2010 година / 83 минути / колор / Блу Реј
Данска
режија: Ева Мулвад (Eva Mulvad);
улоги: Анемете Бекман, Мете Бекман (Annemette Beckmann, Mette Beckmann).
Added by kinoteka on April 2, 2012