На последниот ден од окупацијата, жителите на едно градче се сведоци на стрелањето на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. Веќе утредента партизаните влегуваат во градот, а комесарот на одредот дознава дека меѓу стреланите е и неговиот син, непосредно пред тоа испратен во градот, со задача да го открие соработникот на окупаторот. Сепак, тој не дозволува одмазда врз заробениците и одлуката за судбината на сите осомничени му ја препушта на Народниот суд. Случајот прави да се открие и виновникот за многубројните провали во партиската организација.
игран филм/ 35мм/ црно-бел/ 106`
Република Македонија/ 1966 година
Режија: Живорад Жика Митровиќ
Сценарио: Симон Дракул
Директор на фотографија: Љубе Петковски
Главни улоги: Мери Бошкова, Јанез Врховец, Алекдсандар Гавриќ, Милена Дравиќ, Драги Костовски и др.
Added by kinotekamk on January 10, 2011