ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 30.03.2013 (сабота), 20.00 часот

ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА

„Здраво! Како си?“

Габриел и Габриела веќе 20 години се во „среќен брак“, но меѓу нив не постои никаква физичка привлечност. Откако и двајцата независно еден од друг преку интернет ќе се приклучат на ист „chat-room“, ќе стапат во контакт и ќе се вљубат. Како што нивниот он-лајн однос станува се постраствен и повозбудлив, така расте и нивната грижа на совест, па своите нови преокупации ги кријат од семејството. Ситуацијата е подеднакво збунувачка за нивниот син, тинејџерот Влад, кој дотогаш ги нема видено родителите да покажат или искажат желба за што било. Еден ден реалната средба на виртуелните љубовници ќе стане неизбежна...

(Bună! Ce faci?)
игран филм / Романија
2011 година / 105 мин. / колор / БЕТА СП

режија: Александру Мафтеи (Alexandru Maftei);
сценарио: Лиа Бугнар (Lia Bugnar);
улоги: Дана Војчу, Јонел Михајлеску, Пол Дијаконеску, Габриел Спахиу, Адријан Падурару (Dana Voicu, Ionel Mihâilescu, Paul Diaconescu, Gabriel Spahiu, Adrian Pâduraru).

Added by kinoteka on February 25, 2013

Interested 1