Проекции: 29.03.2013 (петок), 20.00 часот
ДЕНОВИ НА РОМАНСКА КОМЕДИЈА
„Приказни од златните времиња“
Пет сегменти снимени од пет романски режисери за последните 15 години од режимот на Чаушеску, период кој владината маркетингшка машинерија своевремено го сметала за „златно доба“ во романската историја. Во „Приказни од златните времиња“, преку урбаните митови раскажани од перспектива на обичниот човек, секојдневните бизарни и навидум надреални ситуации се третираат комично, бидејќи токму хуморот е тој што на Романците им помогна да се соочат со изместената логика на комунистичката диктатура.
(Amintiri din epoca de aur)
игран филм, Романија / Франција
2009 година / 155 мин. / колор / БЕТА СП
режија: Кристиан Мунџиу, Хано Хофер, Разван Маркулеску, Константин Попеску, Јоана Урикару (Cristian Mungiu, Hanno Höfer, Râzvan Mârculescu, Constantin Popescu, Ioana Uricaru);
сценарио: Кристиан Мунџиу (Cristian Mungiu);
улоги: Александру Поточеан, Јон Сапдару, Дијана Кавалиоти, Аврам Бирау, Влад Иванов (Alexandru Potocean, Ion Sapdaru, Diana Cavallioti, Avram Birau, Vlad Ivanov).
Added by kinoteka on February 25, 2013