Проекции: 20.03.2013 (среда), 20.00 часот
ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март
„Вкусот на палатата“
Ортанз Лабори е познат готвач од регионот Перигор. На нејзино големо изненадување, претседателот на Франција ја назначува за свој личен готвач. Таа ја прифаќа должноста без многу воодушевување, но веднаш штом ќе се фати за работа се внесува со срце и душа, па нејзините ремек-дела имаат и стил и автентичност. Во почетокот таа ќе успее да се наметне благодарение на својот цврст карактер, и покрај тоа што нејзините колеги готвачи се крајно завидливи. Но работите не се одвиваат онака како што сака таа...
(Les saveurs du Palais)
игран филм / Франција
2012 година / 95 мин. / колор / 35 мм
режија: Кристијан Венсан (Christian Vincent);
сценарио: Етјен Комар, Кристијан Венсан (Etienne Comar, Christian Vincent);
улоги: Катрин Фро, Артур Дипон, Жан Дормезон, Иполит Жирардо (Catherine Frot, Arthur Dupont, Jean d’Ormesson, Hyppolyte Girardot).
Added by kinoteka on February 25, 2013