ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 24.03.2013 (недела), 20.00 часот

ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март

„Таксидермија“

Филмот „Таксидермија“ следи три генерациски приказни - за дедото, таткото и синот - чии животи се поврзани и преку еден заеднички мотив. Дедото, малтретиран и понижуван војник, во периодот околу Втората светска војна е убиен заради една непријатна случка со заклана свиња. Таткото, унгарски шампион во брзо јадење за време на Студената војна, тренира и се надева дека ИОК еден ден ќе го признае брзото јадење за олимписки спорт. Синот, пак, слабичок препаратор на животни, трага по нешто многу поголемо: бесмртноста. Тој сака да го создаде најголемото уметничко дело со тоа што ќе си го препарира сопственото тело.

(Taxidermia)
игран филм, Унгарија / Австрија / Франција
2006 година / 91 мин. / колор / ДВД

режија: Ѓерѓ Палфи (György Pálfi);
сценарио: Ѓерѓ Палфи, Лајош Парти Наѓ, Зофија Руткај (György Pálfi, Lajos Parti Nagy, Zsófia Ruttkay);
улоги: Чаба Цене, Гергели Тручањи, Пирошка Молнар, Адел Штанцел (Csaba Czene, Gergely Trócsányi, Piroska Molnár, Adél Stanczel).

Added by kinoteka on February 25, 2013

Interested 1