Проекции: 25.03.2013, 20.00 часот
ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март
„Елдорадо“
Танцување на парче музика во еден филм за танцувањето. Филмот „Елдорадо“ е документарна хроника за напорот на албанско-францускиот кореограф Ангелин Прељочај да создаде кореографија на музиката од делот „Збогување со неделата“ од операта „Недела“ на познатиот електронско-музички виртуоз Карлхајнц Штокхаузен. Со трпелива и опсесивна камера и решителност да се пренесе секое движење на филм, на истиот начин како што тонот е претворен во движење, режисерот Асајас, употребува воајерско око за да ги пренесе интимните ритуали од пробите и создава еден вид драма за човековата истрајност.
(Eldorado)
игран филм, Франција / Велика Британија
2008 година / 88 мин. / колор / ДВД
режија: Оливие Асајас (Olivier Assayas)
Added by kinoteka on February 25, 2013