Проекции: 21.03.2013 (четврток), 20.00 часот
ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март
„Детето одозгора“
Добитникот на наградата Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал, филмот „Детето одозгора“ на Урсула Мајер е драма за животот на дванаесетгодишниот Симон во туристичката област на Алпите. Пребарувајќи ги хотелските градероби и соблекувални тој се обидува да украде скии кои ќе може да ги продаде за пари. Луиз, млада жена која живее во истото гратче, се запознава со Симон и меѓу нив се развива еден необичен однос кој се движи меѓу две крајности - од кавги до нежности.
(L’enfant d’en haut)
игран филм, Швајцарија / Франција
2012 година / 97 мин. / колор / ДВД
режија: Урсула Мајер (Ursula Meier);
сценарио: Антоан Жако, Урсула Мајер, Жил Туран (Antoine Jaccoud, Ursula Meier, Gilles Taurand);
улоги: Леа Сејду, Кеjси Моте Клајн, Мартин Комстон, Жан-Франсоа Стевенин, Џилијан Андерсон (Léa Seydoux, Kacey Mottet Klein, Martin Compston, Jean-François Stévenin, Gillian Anderson).
Added by kinoteka on February 25, 2013