Проекции: 22.03.2013 (петок), 20.00 часот
ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈА, 20-25 март
„Балканска мелодија“
Филмот ја раскажува приказната за етномузикологот Марсел Селије кој во втората половина на 20 век патувал во Источна Европа и собирал и документирал звуци и музика кои дотогаш не биле познати за Западот. Благодарение на овие снимени записи балканската музика стекнува меѓународна популарност, што на музичари како Романецот Гоерге Замфир и бугаркиот проект „Le Mystere des Voix Bulgares“ им го олесни патот до светска слава. Следејќи ги трагите на Селје, режисерот се обидува да ги пронајде протагонистите од тоа време, за повторно да се чуе нивната музика.
(Balkan Melodie)
документарен филм, Швајцарија / Германија / Бугарија / Романија
2012 година / 93 мин. / колор / ДВД
режија и сценарио: Штефан Швиерт (Stefan Schwiert)
Added by kinoteka on February 25, 2013