Соичиро Каџи, пензиониран полицаец, влегува во полициска станица за да го признае убиството на сопругата. Наводно, по смртта на нивниот син од леукемија, сопругата била дијагностицирана со Алцхајмерова болест, па побарала од Каџи да и` ги скрати маките. Меѓутоа, на детективите не им е јасно што правел убиецот цели два дена - од убиството, па се` до неговото доброволно предавање. До вистината се обидуваат да дојдат судијата, обвинителот и една новинарка. Филмот предизвикал голем јавен интерес за донирање коскена срж во Јапонија.
HAN-OCHI/ HALF A CONFESSION
игран филм/ колор/ 2004 година/ 122`
Режија: Кијоши Сасабе
Сценарио: Тошијуки Табе, Кијошти Сасабе
Директор на фотографија: Муцуо Наганума
Улоги: Акира Терао, Миеко Харада, Кјохеи Шибата
Кратка биографија за режисерот:
Кијоши Сасабе режисер и сценарист, роден во 1958 година во Шимоносеки, Јамагучи, Јапонија. Меѓу долгометражните филмови што досега ги снимил се „ Чирусоку лето“ (Chirusoku no natsu, 2003 год.) кој зборува за забранетата љубов помеѓу двајца млади спортисти, „Делумно признание“ (Han-ochi, 2004 год.), кој ја освои наградата на Јапонската академија за најдобар филм (главна национална филмска награда во Јапонија), љубовниот „Чудо за четири дена“ (Yokkakan no kiseki, 2005 год.), потоа „Завеса“ (Kâten-kôru, 2005 год.) за една новинарка која го открива идентитетот на еден одамна заборавен актер, „Море без излез“ (Deguchi no nai umi, 2006 год.), воена драма за каитените – човечките торпеда и „Јунаги сити, Сакура“ (Yunagi City, Sakura Country, 2008 год.), драма за преживеаните од Хирошима.
Added by kinotekamk on March 4, 2010