17-21 октомври ДЕНОВИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК
„Црвената пустина“
Џулијана, дезориентирана жена со душевни проблеми кои вешто ги крие од својот сопруг, се обидува да најде некаков смисол во својот очаен живот. Сопругот Уго е директор на фабрика во Равена која ги загадува локалните езера и води, а бродовите што минуваат или се приморани да застанат тука, подигаат жолти знамиња – знак за карантин. Нивните животи се исполнети со магла, чад, атмосферски нечистотии, токму онака како што Џулијана се чувствува одвнатре. Таа ќе се обиде да има врска со инжењерот Зелер, но после се`, повторно ќе се почувствува сама, искористена и болна.
(Il deserto rosso)
игран филм, Италија/Франција
1964, 117 мин., колор, ДВД
режија: Микеланџело Антониони (Michelangelo Antonioni)
сценарио: Микеланџело Антониони, Тонино Гвера (Michelangelo Antonioni, Tonino Guerra)
улоги: Моника Вити, Ричард Харис, Карло Чионети, Ксенија Валдери, Рита Реноар (Monica Vitti, Richard Harris, Carlo Chionetti, Xenia Valderi, Rita Renoir)
Added by kinoteka on October 2, 2012