Проекции: 25.05.2012 (петок), 20.00 часот
ЦИКЛУС ШПАНСКИ ФИЛМОВИ 25-31 Мај
„Патувањето на Карол“
Во пролетта 1938 гoдина, во екот на Шпанската граѓанска војна, 12-годишната Карол од Њујорк допатува во Шпанија. Во селото на нејзината мајка таа е несреќна, неподготвена да ги разбере семејните тајни и проблеми, тагува по татко си, и го отфрла новиот непознат свет. Преку пријателството со Мруха, селскиот учител, и Томиче, момче од соседната куќа, таа почнува со поинакви очи да ја гледа средината која сега и е нов дом.
(El viaje de Carol / Carol´s Journey)
игран филм, Шпанија/Португалија
2002 година, 103 минути, колор, 35 мм
режија: Иманол Урибе (Imanol Uribe);
сценарио: Иманол Урибе, Анхел Гарсиа Ролдан, според роман на Ролдан (Imanol Uribe, Ángel García Roldán);
улоги: Клара Лаго, Хуан Јозе Балестра, Алваро де Луна (Clara Lago, Juan José Ballesta, Álvaro de Luna).
Added by kinoteka on May 14, 2012