Проекции: 30.05.2012 (среда), 20.00 часот
ЦИКЛУС ШПАНСКИ ФИЛМОВИ 25-31 Мај
„Обаба“
Студентката Лурдес патува кон Обаба, мистериозно и изолирано баскиско градче за да реализира работна задача. Дури и пред да пристигне таму, наидува на чудни лица кои неконкретно одговараат на нејзините прашања за ориентација. Ова истражувачко патување на Лурдес, со сите попатно сретнати ексцентрици и гуштери, всушност прераснува во пат кон спознанието за младата девојка. Работите што ги открива ги поместуваат нејзините гледишта од вообичаената перспектива.
(Obaba)
игран филм, Шпанија / Германија
2005 година, 100 минути, колор, 35 мм
режија: Мончо Армендариз (Montxo Armendáriz);
сценарио: Мончо Армендариз, според роман на Бернардо Атчага (Montxo Armendáriz, Bernardo Atxaga);
улоги: Пилар Лопез де Ајала, Хуан Диего Бото, Барбара Лени (Pilar López de Ayala, Juan Diego Botto, Bárbara Lennie).
Added by kinoteka on May 14, 2012