Проекции: 28.04.2012 (сабота), 20.00 часот
ЦИКЛУС ЈАПОНСКИ ФИЛМ
„Љубовно писмо“
Откако Шоичи ќе ја напушти, Кјоко се обидува да ја открие причината за тоа и да ги разбере неговите мотиви. Ќе открие дека поранешната девојка на сопругот е во болница, на умирање и дека овој е решен да стори сè што може за да ù ги разубави последните денови од животот. Меѓу другото, тој е подготвен да се разведе од Кјоко и да се ожени со девојката. Во ваква ситуација, Кјоко сфаќа дека си го сака сопругот и дека ќе се бори за неговата љубов. Но и Шоичи е растргнат помеѓу двете жени, се обидува да направи разлика помеѓу љубовта и должноста.
Love Letter / Koibumi
игран филм / 1985 година / 108 минути / колор / 35 мм
Јапонија
режија: Тацуми Кумаширо (Tatsumi Kumashiro);
сценарио: Тацуми Кумаширо, според роман на Микихико Ренџо (Tatsumi Kumashiro, Mikihiko Renjo);
улоги: Кеничи Хагивара, Мицуко Баишо, Кеико Такахаши (Ken'ichi Hagiwara, Mitsuko Baishô, Keiko Takahashi).
Added by kinoteka on April 3, 2012