Проекции: 23.12.2012 (недела), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ТРАЈЧЕ ПОПОВ
„По долината на реката Вардар“
Филмот претставува сестран приказ на развојот на регионот по течението на реката Вардар, и го опфаќа неговиот индустриски развој, развојот на земјоделието, културните придобивки на новото социјалистичко општество, културните и етнолошките особености на жителите, археолошките и историските карактеристики, а последната секвенца е посветена на егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
документарен филм, Македонија
1950, 43 мин., црно-бел, 35 мм
режија: Трајче Попов;
сценарио: Јово Камберски.
Added by kinoteka on December 7, 2012