Проекции: 21.12.2012 (петок), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА ТРАЈЧЕ ПОПОВ
„Македонска крвава свадба“
За време на жетвата, бегот гони еден Турчин кој поради своите прогресивни идеи мора да биде казнет. Во бегството му помага овчарот Спасе. Трагата по избеганиот Турчин го доведува аскерот до жетварите што работат на имотот на бегот. Меѓу нив е и Цвета, чија убавина не може да остане незабележана. Бегот ја грабнува девојката, ја носи во својот сарај, но ветувањата за лесен живот не се доволни да ја убедат Цвета да ја промени верата и да се откаже од своите. Нејзините соселани предводени од попот и од овчарот Спасе, го бараат нејзиното ослободување. Во случајот се ангажираат и дипломатските претставници на големите сили со седиште во Битола и девојката е ослободена. Но, на денот на нејзината свадба доаѓа бегот со својата вооружена придружба...
игран филм, Македонија
1967, 102 мин., колор, 35 мм
режија: Трајче Попов;
сценарио: Славко Јаневски;
улоги: Ристо Шишков, Васил Хаџиманов, Вера Чукиќ, Драги Костовски, Драгомир Фелба.
Added by kinoteka on December 7, 2012