ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 20.12.2012 (четврток), 20.00 часот

19.00 часот
Промоција на монографијата ТРАЈЧЕ ПОПОВ, приредувач Илинденка Петрушева, издание на Кинотеката на Македонија.

20.00 часот

„Свадба на шарпланинецот“

Парењето на познатите кучиња шарпланинци се претвора во вистинска борба на живот и смрт. Само најсилните опстојуваат во таа борба и успеваат да го продолжат родот.

документарен филм, Македонија
1970, 15 мин., колор, 35 мм
режија и сценарио: Трајче Попов

„Шарпланинецот Мургош“

Преку приказната за кучето Мургош, кое и’ припаѓа на познатата раса шарпланинци, прикажани се сите благородни особини: силата, храброста и верноста на оваа во светот позната раса.

документарен филм, Македонија
1960, 15 мин., колор, 35 мм
режија: Трајче Попов;
сценарио: Киро Билбиловски, Ото Денеш, Драгош Стевановиќ.

„Ликвидатор“

Работите во врска со ликвидацијата на рудникот за азбест „Богословец“, во истоименото село, му се доверени на еден човек кој таа работа ја врши седумнаесет години. Објектите на рудникот и машините што пропаѓаат, самите зборуваат за апсурдноста на целата постапка.

документарен филм, Македонија
1983, 15 мин., црно-бел, 35 мм
режија и сценарио: Трајче Попов

„Жито за народот“

Прикажан е откупот на житото од реколтата во 1947 година и е даден приказ на постигувањата во другите области на стопанството во НР Македонија.

документарен филм, Македонија
1947, 10 мин., црно-бел, 35 мм
снимател: Трајче Попов;
сценарио: Јован Бошковски.

„Ритам и звук“

Народни игри од Македонија во изведба на КУД „Танец“ од Скопје.

документарен филм, Македонија
1955, 21 мин., колор, 35 мм
режија и сценарио: Трајче Попов

„Птици и риби“

Приказ на прастариот (и единствениот во светот) начин на риболов со помош на птици на Дојранското eзеро.

документарен филм, Македонија
1961, 15 мин., колор, 35 мм
режија: Трајче Попов;
сценарио: Јово Камберски.

„Довикување на пролетта“

Според дервишите од Призрен, новата година започнува со доаѓањето на пролетта. Секоја година, на 22 март, тие го изведуваат ритуалот на „довикување на пролетта.“

документарен филм, Македонија
1968, 14 мин., црно-бел, 35 мм
режија и сценарио: Трајче Попов

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1