Проекции: 27.10.2012 (сабота), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА СТОЛЕ ПОПОВ – ден на аудиовизуелното наследство
За филмската програма посветена на филмовите на Столе Попов која во Кинотеката ќе оди од 27.10.2012 (сабота) до 30.10.2012 (вторник) нема да се наплаќаат влезници.
„Среќна нова '49“
Драгослав се враќа од Советскиот Сојуз во Скопје, со својата девојка Вера. Доаѓа во време на голема политичка несигурност и е под сомнение од страна на тајните служби дека работи како руски шпиoн. Неговиот брат, Коста, се снаоѓа како знае и умее, користејќи се со измами и уцени, но со желба и идеја да преживее – по секоја цена. Кога Драгослав ќе биде приведен на сослушување и неговата судбина ќе стане неизвесна, Коста ќе ù се додворува на Вера.
игран филм, Република Македонија
1986, 125 мин., колор, 35 мм
режија: Столе Попов
сценарио: Гордан Михиќ
улоги: Ацо Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосавлевиќ, Петар Арсовски, Душко Костовски, Милица Стојанова, Мите Грозданов, Синоличка Трпкова, Кире Симоновски
Added by kinoteka on October 27, 2012