Проекции: 28.10.2012 (недела), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА СТОЛЕ ПОПОВ
За филмската програма посветена на филмовите на Столе Попов која во Кинотеката ќе оди од 27.10.2012 (сабота) до 30.10.2012 (вторник) нема да се наплаќаат влезници.
„Црвениот коњ“
Обезоружените борци на ДАГ се депортирани во близина на Ташкент, во политичко прогонство. Борис, вдовец и татко, наоѓа утеха во Русинката Олга, но сè уште се надева, како и повеќето депортирани, дека ќе може да се врати назад во родниот крај во Егејска Македонија. Кога еден ден навистина ќе се врати, наидува на непријателски настроена средина, а соселаните му забележуваат дури и за бојата на новокупениот коњ. Токму заради таа црвена боја на коњот, тие ќе го обвинат дека е комунист и ќе го предизвикаат неговиот гнев.
игран филм, Македонија
1981, 127 мин., колор, 35 мм
режија: Столе Попов
сценарио: Ташко Георгиевски
улоги: Велимир Бата Живоиновиќ, Ацо Јовановски, Данчо Чевревски, Коле Ангеловски, Илија Џувалековски, Илија Милчин, Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Силвија Јовановска
Added by kinoteka on October 27, 2012