Проекции: 14.11.2012 (среда), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА
„Танго“
Режисерот Марио Суарез се обидува да направи филм за тангото. Осамен, откако сопругата го напуштила, тој бара болни и брутални теми од минатото на Аргентина, а истовремено на своите музичари и танчери им дава слобода на изразување, која е неопходна за да се задоволат вкусовите и очекувањата на аргентинската публика. Ситуацијата уште повеќе ќе се воспали кога режисерот ќе се вљуби во главната танчерка Елена, инаку девојка на моќниот гангстер Ларока, кој е и главниот финансиер на филмот.
(Tango)
игран филм, Шпанија / Аргенина
1998, 115 мин., колор, 35 мм
режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura)
улоги: Мигел Анхел Сола, Сесилија Нарова, Миа Маестро, Енрике Пинти, Хуан Карлос Копес (Miguel Ángel Solá, Cecilia Narova, Mía Maestro, Enrique Pinti, Juan Carlos Copes)
Added by kinoteka on October 28, 2012