ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 29.11.2012 (четврток), 20.00 часот

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА

„Оф, Кармела“

За време на Шпанската граѓанска војна, патувачкиот театар на брачната двојка Паулино и Кармела е на турнеја низ регионот што го држат републиканците. Едно утро тие ќе бидат сведоци на убиствата што франковистите ги извршуваат врз невиното население и ќе паднат во рацете на фашистите. Италијанскиот командат кој е вљубеник во театарот од нив ќе бара да ги забавуваат фашистичките одреди и со тоа да си ја откупат слободата. Паулино некако и ќе прифати, но Кармела тој чин го смета за понижување.

(¡Ay, Carmela!)
игран филм, Шпанија / Италија
1990, 102 мин., колор, ДВД

режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
сценарио: Рафаел Аскона, Хосе Санчис Синистера, Карлос Саура (Rafael Azcona, José Sanchís Sinisterra, Carlos Saura)
улоги: Кармен Маура, Андрес Пахарес, Габино Диего, Маурицио Де Раца, Хосе Санчо (Carmen Maura, Andrés Pajares, Gabino Diego, Maurizio De Razza, José Sancho)

Added by kinoteka on October 31, 2012

Interested 1