Проекции: 13.11.2012 (вторник), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА
„Гоја во Бордо“
Франциско Гоја, глув и болен, ги живее своите последни години во Бордо, со сопругата Леокадија и нивната ќерка Росарио. Живее во доброволно изгонство, протестирајќи против репресивното владеење на Фердинанд VII во Шпанија. Слика навечер и, некаде помеѓу долгите разговори со ќерката и неподносливите главоболки, во мислите се навраќа на клучните моменти во својот живот, особено на врската со Војвотката од Алба, на моментот на спознанието кога открива во кој правец сака да слика (инспириран од делата на Веласкез) итн.
(Goya en Burdeos)
игран филм, Шпанија / Италија
1999, 107 мин., колор, 35 мм
режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
сценарио: Карлос Саура, Луиџи Скатини (Carlos Saura, Luigi Scattini)
улоги: Франсиско Рабал, Хосе Коронадо, Марибел Верду, Еулалија Рамон, Дафне Фернандез (Francisco Rabal, José Coronado, Maribel Verdú, Eulalia Ramón, Dafne Fernández)
Added by kinoteka on October 28, 2012