Проекции: 15.11.2012 (четврток), 20.00 часот
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА
„Фадос“
Португалското фадо, кое потекнува од раниот 19 век, исполнето со долги, орнаментирани и емотивно тешки балади што ламентираат по загубените љубови и нереализираните соништа, во последнава деценија доживува непредвидена пополарност. Како последен филм од трилогијата посветена на латино-музиката, односно по „Фламенко“ (1995) и „Танго“ (1998), „Фадо“ најпрвин ја следи историјата на музичката форма, се осврнува на влијанието и репертоарот на Амалија Родригез и Чико Бураке, за најпосле да се пресели на концертот на фадо-ѕвездите Мариција, Камане, Каетано Велосо и други.
(Fados)
документарен филм, Португалија / Шпанија
2007, 90 мин., колор, ДВД
режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
сценарио: Карлос Саура, Иван Дијас (Carlos Saura, Ivan Dias)
улоги: Мариза, Камане, Карлос До Кармо, Чико Буарке, Каетано Велозо, Лила Даунс (Mariza, Camané, Carlos Do Carmo, Chico Buarque, Caetano Veloso, Lila Downs)
Added by kinoteka on October 28, 2012