ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 28.11.2012 (среда), 20.00 часот

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА КАРЛОС САУРА

„Елиза, љубов моја“

Елиза минува низ брачна криза и веќе девет години го нема видено својот татко Луис. По телеграмата што ја добива од сестра си Исабел, во која пишува дека нивниот татко е тешко болен, таа ќе појде надвор од Мадрид за да го посети. Ќе остане подолго време со него, ќе ги дознае причините зошто тој ја оставил мајка им пред многу години, но и самата ќе му раскажува за својот неверен сопруг кој ја измамил со најдобрата другарка. Кога Антонио, сопругот на Елиза, ненадејно ќе пристигне во куќата, таа веќе има решено што ќе прави понатаму во животот.

(Elisa, vida mía)
игран филм, Шпанија
1977, 125 мин., колор, ДВД

режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura)
улоги: Фернандо Реј, Џералдин Чаплин, Норман Бриски, Исабел Местрес, Хоакин Инохоса (Fernando Rey, Geraldine Chaplin, Norman Briski, Isabel Mestres, Joaquín Hinojosa)

Added by kinoteka on October 31, 2012

Interested 1