Проекции: 04.12.2012 (вторник), 20.00 часот
Циклус филмови на Андреј Тарковски
„Соларис“
Снимен според истоимениот научно-фантастичен роман на Станислав Лем, „Соларис“ е веројатно најдоброто остварување на Тарковски, во кое слично на Кјубриковиот пристап во „Одисеја: 2001“, тој интелектуално третира метафизички проблеми. По мистериозната смрт на еден од научниците во базата изградена за проучување на новооткриената планета, доаѓа неговата замена - докторот Келвин. Пристигнатиот доктор ја наоѓа базата во запуштена состојба, а останатите научници делуваат отсутни и оттуѓени. Кога ќе ја сретне и својата сопруга, која инаку починала пред седум години, докторот ќе сфати дека се случува некаква мистериозна комуникација помеѓу екипажот и самата планета, и како последица на тоа доаѓа до ослободување на потиснатите сеќавања и опсесии, што сосем ги полудува членовите на екипажот.
Во 1972 година, филмот ја доби наградата на Големото жири на Канскиот филмски фестивал.
(Солярис)
игран филм, СССР
1972, 163 мин., црно-бел/колор, ДВД
режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский);
сценарио: Андреј Тарковски, Фридрих Горенштајн, според роман на Станислав Лем (Андрей Тарковский, Фридрих Горенштейн, Stanislaw Lem);
улоги: Донатас Банионис, Олга Барнет, Наталија Бондарчук, Николај Гринко, Јури Јарвет (Донатас Банионис, Ольга Барнет, Наталья Бондарчук, Николай Гринько, Юри Ярвет).
Added by kinoteka on November 28, 2012