ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 09.12.2012 (недела), 20.00 часот

Циклус филмови на Андреј Тарковски

„Огледало“

Филмот има нехронолошка структура и е комбинација на флешбекови, архивски снимки и поезија на Арсениј Тарковски, таткото на режисерот. Еден човек кој е на умирање се навраќа на битните моменти од својот живот. Детството, разводот, предвоениот период, размислувањата за руската историја и општеството, за семејните односи итн. се' во форма на визуелен тек на свеста, поради што филмската критика го смета „Огледало“ за најличен и најтежок филм на Тарковски.
Идејата за „Огледало“ Тарковски ја имал уште во 1964 година, но дури после неколку години чекање, неговото сценарио напишано заедно со Мишарин било одобрено за реализација од страна на „Госкино“ (Државниот комитет за кинематографија на СССР). Дури и кога завршило снимањето на филмот, истиот не бил веднаш одобрен за прикажување, под образложение дека би бил премногу неразбирлив за публиката.

(Зеркало)
игран филм, СССР
1974, 108 мин., црно-бел/колор, ДВД

режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский);
сценарио: Андреј Тарковски, Александар Мишарин (Андрей Тарковский, Александр Мишарин);
улоги: Маргарита Терехова, Олег Јанковски, Николај Гринко, Анатоли Слоницин, Ала Демидова (Маргарита Терехова, Олег Янковский, Николай Гринько, Анатолий Солоницын, Алла Демидова).

Added by kinoteka on November 28, 2012

Interested 1