Проекции: 29.04.2012 (недела), 20.00 часот
ЦИКЛУС ЈАПОНСКИ ФИЛМ
„Зеген“
Црна комедија за јапонскиот империјализам во минатиот век. Ихеиџи Мураока е јапонски националист кој ќе стори сè за идеалите и вербата во супериорноста на својата земја. За царот и владата работи како шпион во Манџурија, а потоа во Хонгконг и Малезија влегува во бизнисот со проституцијата. Станува зеген, односно подводаџија и смета дека проституцијата и борделите ја подобруваат економијата на неговата родна земја. Но политичката атмосфера во Јапонија се менува и тој од херој се претвора во криминалец.
Zegen / Zegen
игран филм / 1987 година / 124 минути / колор / 35 мм
Јапонија
режија: Шохеи Имамура (Shohei Imamura);
сценарио: Шохеи Имамура, Кота Окабе (Shôhei Imamura, Kota Okabe);
улоги: Мицуко Баишо, Банг-хо Чо, Јуки Фурутачи (Mitsuko Baishô, Bang-ho Cho, Yuki Furutachi).
Added by kinoteka on April 3, 2012