Проекции: 25-26.01.2013 (петок-сабота), 20.00 часот
„Чудо невидено“
Во мало рибарско село крај езерото, жените ги собираат рибарските мрежи додека нивните мажи времето го минуваат во локалната кафеана, флертуваат со келнерките и фантазираат да заминат во Америка. Еден од нив предлага да ископаат тунел низ планината, за езерото да се одлее во морето и да остави зад себе плодна почва за обработување. Набргу потоа кај нив пристигнува млада Американка, атрактивна русокоса, чиј татко потекнува од нивното село. Кога таа ќе разбере дека напуштената куќа на татко и’ е претворена во селска кафеана, ќе се обиде да им се одмазди на селаните, манипулирајќи ги нивните страсти и поигрувајќи се со нивните интереси.
(Чудо невиђено)
игран филм, СФРЈ
1984, 92 мин., колор, 35 мм
режија: Живко Николиќ (Живко Николић);
сценарио: Живко Николиќ, Љиљана Павиќ (Живко Николић, Љиљана Павић);
улоги: Савина Гершак, Драган Николиќ, Боро Беговиќ, Петар Божовиќ, Ташко Начиќ (Драган Николић, Боро Беговић, Петар Божовић, Ташко Начић).
Added by kinoteka on December 7, 2012