Русија, 16. век. Во време кога хаосот постепено станува поредок, Иван Грозни е убеден дека има света цел на земјата. Цврсто уверен дека може да ги сфати и протолкува знаците, тој го најавува наближувањето на Судниот ден. Воспоставува апсолутистичка власт и ништи се` што ја загрозува неговата врховна позиција. Филип, учен човек од манастирот на Соловетскио архипелаг и близок пријател на Иван, ќе реши да и` се спротивстави на тиранијата. Следи судир на две сосема спротивни визии за светот. Преку одличната актерска игра на Мамонов и Јанковски, режисерот алегориски зборува за Сталинистичка Русија.
Tsar
ДВД/ колор/ 118`
2009 година
Режисер: Павел Лунгин
Сценарио: Алексеј Иванов и Павел Лунгин
Улоги: Пјотр Мамонов, Олег Јанковскиј, Александар Домогаров, Јуриј Кузнецов, Вили Хаапасало, Иван Охлобистин, Алексеј Макаров
Лунгин Павел Семјонович е советски и руски сценарист и режисер, лауреат на Канскиот фестивал (1990 год.), Народен артист на Русија (2008 год.). Роден е на 12 јули 1949 год. во Москва. Во 1971 година дипломира на Одделот за теориска и применета лингвистика на Московскиот државен универзитет, а во 1975 година на Серускиот државен институт за кинематографија. Во 1980 година се доостручува на Одделот за високи курсеви за сценаристи и режисери (студио на на Г. Данелија, М. Лавовски).Од почетокот на деведесеттите години живее во Франција и снима свои филмови со учество на француски продуценти. Снима и во Русија и за Русија.
Added by kinotekamk on September 11, 2010