ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 19-20.04.2013 (петок-сабота), 20.00 часот

„Благодарам за чоколадата“

Мари-Клер Милер, наследничка на позната и голема швајцарска компанија за чоколадо, е мажена за пијанистот Андре Полонски. Андре има син, Гијом, и во врска со него често ја раскажува случката како синот за малку ќе бил заменет со друго бебе во болницата во којашто се родил. Еден ден, младата Жан доаѓа да го посети Андре и му соопштува дека таа е „другото бебе“ од болницата. Андре наскоро ќе открие дека има многу заеднички нешта со Жан, но забележува дека таа и физички потсетува на починатата прва сопруга Лизабет. Жан верува дека Андре премолчува некои работи од минатото, а по еден инцидент со топло какао ќе се посомнева и дека сопругата на Андре, Мари-Клер, сака да ја отруе.

(Merci pour le chocolat)
игран филм / Франција / Швајцарија
2000 година / 99 мин. / колор / 35 мм

режија: Клод Шаброл (Claude Chabrol);
сценарио: Каролин Елјачеф, Клод Шаброл, според роман на Шарлот Армстронг (Caroline Eliacheff, Claude Chabrol, Charlotte Armstrong);
улоги: Изабел Ипер, Жак Дитрон, Ана Муглалис, Родолф Поли, Брижит Катијон (Isabelle Huppert, Jacques Dutronc, Anna Mouglalis, Rodolphe Pauly, Brigitte Catillon).

Added by kinoteka on April 2, 2013

Interested 1